Експресна промена во правилата за Купот на Италија
- Ова е направено за да не се преоптоваруваат играчите по долгата пауза и недоволното време за целосни подготовки.
Торино, 9 јуни 2020 (МИА) - Претстојниот реванш на турнирот за Купот на Италија ќе се одржи под променети правила, открива „Кориере дело Спорт“. Идејата е да нема продолженија, туку да се оди директно на извршување на пенали. Се очекува официјална потврда.
Ова е направено за да не се преоптоваруваат играчите по долгата пауза и недоволното време за целосни подготовки.
Во петокот Јувентус е домаќин на Милан по 1:1 во првиот судир, а еден ден подоцна Наполи го пречекува Интер по победата од 1:0 на „Меаца“.
Финалето на турнирот е следната среда (17 јуни), а и во него нема да има продолженија.