• понеделник, 25 ноември 2024

Експлозија во јапонска термоцентрала, нема повредени

Експлозија во јапонска термоцентрала, нема повредени

Токио, 31 јануари 2024 (МИА) - Пожар избувна денеска во термоелектраната Такетојо во префектурата Аичи во централна Јапонија, соопшти нејзиниот сопственик ЈЕРА, додавајќи дека нема повредени, а работата во централата е прекината.

Јавниот сервис НХК претходно објави дека се слушнала експлозија, а очевидци забележале црн чад како се издига од термоцентралата.

Црн чад излегуваше од котларата на термоцентралата, а покрај неа гореше транспортер за јаглен, објави НХК.

- Пожарникарите се испратени на местото на настанот откако добиле повици од сведоци, изјави претставник на локалната противпожарна служба.

Електраната е управувана од ЈЕРА, водечка јапонска комунална компанија.

ЈЕРА соопшти дека во 15:14 часот по локално време (07:14 по средноевропско време), на подвижната лента со која се транспортира гориво во фабриката, бил забележан чад и пожар.

Производниот капацитет на термоелектраната Такетојо е 1.070 MW, што е меѓу најголемите во Јапонија во однос на една производна единица, се наведува на веб-страницата на ЈЕРА.

Термоелектраната се наоѓа на околу 40 километри јужно од Нагоја, најголемиот град во централна Јапонија. паг/

Фото: Х

 

 

 

Остани поврзан