• понеделник, 23 декември 2024

Експлозија во електрана во Индија, загинаа пет работници

Експлозија во електрана во Индија, загинаа пет работници
Њу Делхи, 1 јули 2020 (МИА) - При експлозија во електрана во јужниот дел на Индија загинаа најмалку пет работници, а 15 се повредени, соопшти полицијата. - Повредените се веднаш хоспитализирани во државата Тамил Наду, истакна полицискиот претставник Суреш Канан, додавајќи дека е во тек истрага за причината за експлозијата. На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски служби и спасувачки екипи. Електраната се наоѓа во Нејвели, во округот Кудалоре, и има околу 2.000 вработени. Ова е втора експлозија за два месеца во истата електрана. гт/

Остани поврзан