• петок, 26 јули 2024

Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица со иницијатива за изградба на пешачка патека

Еколошкото друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица со иницијатива за изградба на пешачка патека
Македонска Каменица, 17 март 2022 (МИА) - Еколошко друштво „Здравец 2002“ од Македонска Каменица продолжува со иницијативите за подобрување на инфраструктурата во градот. Последната активност во таа насока, како што информираше претседателот на друштвото Миран Митревски, е изградбата на пешачка патека која како иницијатива ќе се реализира во соработка со граѓаните. - Нашата нова иницијатива е за изградба на пешачка патека која ќе ги поврзува улицата „Мирче Ацев“ со Магистралниот пат А3. За таа цел во тек е акција за собирање потписи од граѓаните, истакна Митревски. Реализацијата на самата идеја според претседателот на Еколошкото друштво „Здравец 2002“ ќе ја подобри сообраќајната „комуникација“ на граѓаните со останатиот дел на градот. - Со изградба на пешачката патека која е од големо значење, населението кое живее во тој реон, ќе биде поврзано со централното градско подрачје на Македонска Каменица, додаде Митревски. Повеќе детали за самата иницијатива и начинот на нејзино финансирање од Еколошкото друштво најавија веднаш по собирањето потписи од страна на граѓаните. вс/мс/

Остани поврзан