Еколошки квиз за ученици во одморалиштето Михајлово
- Еколошки квиз за основци се реализираше во просториите на одморалиштето „Михајлово“ на планината Кожуф, од страна на регионалното еколошко друштво „Еко-живот” од Кавадарци.

Кавадарци, 15 јануари 2020 (МИА) - Еколошки квиз за основци се реализираше во просториите на одморалиштето „Михајлово“ на планината Кожуф, од страна на регионалното еколошко друштво „Еко-живот” од Кавадарци.
-Целта е нагласување на потребата од што е можно поголема еколошка свест, надградба на еко знаењата и истакнување на важноста на прашањата поврзани со здравата и чиста животна средина, нагласи Роберто Паризов, претседател на друштвото.
Координатор на активностите беше Соња Иловска.
Пред квизот, учениците кои доаѓаат од разни општини, имаа можност да проследат и предавање за екологија, а предавач беше Милица Иваноска.
Настанот е во рамки на проектот „Произведи, употреби, рециклирај, повторно употреби”, финансиран со европски пари. свд/ир