• сабота, 23 ноември 2024

Еколошка акција за чистење на Ново Лисиче

Еколошка акција за чистење на Ново Лисиче
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Општина Аеродром во соработка со организациите „За Почиста Македонија“ и „Волонтерски центар - Скопје“ почна акција за темелно чистење на населбата Ново Лисиче. Акцијата ја спроведуваат сезонските работници од Општина Аеродром со поддршка на стотина волонтери од невладините организации. Акцијата вклучува темелно чистење на Ново Лисиче, што опфаќа метење и миење на улиците, собирање на шутот, отпадот и гранките од зелените површини и пешачките патеки. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски присуствуваше на денешната акција и им се заблагодари на присутните и партнерите, истакнувајќи дека ваквите активности се од големо значење за Општината. Тој најави дека инвестициите и активностите за здрава животна средина ќе продолжат и во иднина. - Со реализација на оваа акција, Општина Аеродром уште еднаш ја потврдува својата посветеност за обезбедување здрава и чиста животна средина. Сите заедно се грижиме за одржување здрава и чиста животна средина која е наш приоритет. Со вакви и слични акции продолжуваме и во наредниот период, а комуналните тимови на Општина Аеродром секојдневно се на терен и во континуитет преземаат мерки за чистење на сите јавни површини, соопшти Општината. хс/ 

Остани поврзан