• сабота, 23 ноември 2024

Екологистите апелираат да не се загадува природниот регион на Азот од село Нежилово до изворите на Бабуна

Екологистите апелираат да не се загадува природниот регион на Азот од село Нежилово до изворите на Бабуна
Велес, 13 април 2021 (МИА) - Љубителите на природата и поборници за здрава и чиста животна средина остро реагираат што некои нивни сограѓани при престојот во природа зад себе насекаде оставаат секаков вид на смет па и опасен како батерии и празни шишиња од лак за коса,конзерви во најубавите природни реони во земјава како што е реонот на Азот,во општина Чашка во централниот реон на Северна Македонија. Велешанецот Кире Димов екологист, поборник за здрава и чиста животна средина и воедно и долгогодишен  хуманист-крводарител  освен што јавно реагира за сметот што при престојот во природа  зад себе  го оставаат некои несовесни посетители, решил и веќе подолго време секој викенд по престојот во природа  самиот си организира еколошка  акција.Тој со приколка закачена на неговиот автомобил секој викенд собира секаков вид на  смет симнувајќи се по патот од под Домот на Чеплес,па надолу а најмногу  на патот  и шумата на потегот од село  Нежилово па скоро до самите извори на реката  Бабуна. -Не можам да разберам како некои од посетителите  слободно може да ја фрлаат лименката, конзерви, пластични кеси па и друг и  опасен отпад насекаде по патот  и во шумата, а наместо како што го донеле во својот ранец или автомобил и повторно празни да си го вратат дома и го фрлат во домашната канта. Крајно време е да  ја пробудат својата заспана еколошка свест, или Општина Чашка да воведе чуварски служба  на природата и парично би  ги казнува прекршители на законот, кои фрлаат и оставаат насекаде смет и ги нагрдуваат најубавите терени во срцето на државата, потенцира Димов. Тој воедно  инфрмира  дека купишта смет има и во шумите во реонот на Азот од  дрвосечачите за огревни дрва, кои таму престојуваат со денови и за себе остават секаков вид на смет што ја нагрдува шумата и го попрелува патот на посетителите. Апелира до надлежните  во Општина Чашка да назначат служба  за чувари  на шумата и патот, кои и парично би ги казниле несовесните кои фрлаат и оставаат насекаде смет во природата и ги нагрдуваат едни од најубавите шумски предели на Азот. Имено реонот на Азот е еден  од најубавите природни реони во земјава со многу природни убавини и реткости што пленат со својата природна убавина, како водопадите на реката Бабуна и други природни убавини што се  интересни и привлечни  за развојот  на туризмот во овој реон. ад/ки  

Остани поврзан