• сабота, 23 ноември 2024

ЕКОВАС испрати дипломатска мисија во Сенегал

ЕКОВАС испрати дипломатска мисија во Сенегал

Дакар, 12 февруари 2024 (МИА) - Економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС испрати дипломатска мисија во Сенегал за да разговара за политичката ситуација во земјата по одложувањето на претседателските избори, соопшти денеска парламентарната канцеларија на блокот, цитирана од британските медиуми.

За време на мисијата, која ќе трае од 12 до 14 февруари, претседателот на парламентот на ЕКОВАС, Сиди Мохамед Тунис и неговите членови ќе се сретнат со сенегалските власти, политичари и претставници на јавноста, се вели во соопштението.

Во рамките на ЕКОВАС функционираат парламент, судница, економски и социјален совет и развојна инвестициска банка. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан