Екоакција во Суви Лаки по повод Денот на планетата Земја
- Беровската администрација спроведе екоакција по повод Денот на планетата Земја. Активностите се реализираа кај туристичката населба Суви Лаки со учество на вработени во ЈПКР ,,Услуга" и жител

Берово, 22 април 2021 (МИА) - Беровската администрација спроведе екоакција по повод Денот на планетата Земја. Активностите се реализираа кај туристичката населба Суви Лаки со учество на вработени во ЈПКР „Услуга“ и жители од туристичка населба.
- Притоа собрани се големи количини комунален, кабаст и електронски отпад кај местото „Преведена“ во близина на Суви Лаки. Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните, кон поголема грижа за природата, да се намали загадувањето и секој да придонесе кон поздрава и почиста животна средина, истакнаа од беровската администрација.

Додаваат дека во наредниот период вакви активности се планирани и на други локалитети на територијата на Општина Берово.
Денот на планетата Земја се одбележува ширум светот на 22 април, а за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата. вс/ар/