Еклстоун: Хамилтон во најдобра форма, има подобар тим и посигурен болид од конкурентите
- Поранешниот директор на Формула 1, Берни Еклстоун, го гледа возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, како фаворит против Макс Верстапен од Ред Бул, во трката за шампионскиот трофеј во 2021 година.

Лондон, 12 мај 2021 (МИА) - Поранешниот директор на Формула 1, Берни Еклстоун, го гледа возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, како фаворит против Макс Верстапен од Ред Бул, во трката за шампионскиот трофеј во 2021 година.
- Сега во Ф-1 има повторно двајца возачи кои се на исто ниво, како што се случи со Сена и Прост. За жал, морам да ги вознемирам фановите на големиот борец од Холандија, надевајќи се на титулата. Хамилтон е во форма подобра од кога било. Луис настапува чисто, непогрешливо, смирено и интелигентно. Тој не се вклучува во секоја битка и му остава простор на противникот, изјави Берни.
Тој додава дека работата на психологијата го направи Хамилтон речиси непобедлив.
- Стана уште посилен. Верстапен можеби го стигна во аеробатика, но Луис има подобар тим и посигурна техника. Тој секогаш може да се потпре на овие два фактори, потенцира Еклстоун.
По четири трки сезонава во Ф1 шампионатот, Хамилтон е прв со 94 бода, пред Верстапен кој собра 80. зс/