Екипи на ДЗС на терен за гаснење на пожарите во Кочани и Старо Нагоричане
- Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и се справуваат со гасење на пожарот во Кочани, објави доцна вечерва ДЗС.

Скопје, 3 август 2021 (МИА) - Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и се справуваат со гасење на пожарот во Кочани, објави доцна вечерва ДЗС.
- Вработените на ДЗС по вонредниот состанок се упатија во местата опфатени од пожарите во Кочани и Старо Нагоричане, информира Дирекцијата на Фејсбук страницата.
Претходно, директорот на ДЗС Беким Максути издаде наредба за мобилизација на тимовите за пожари, Валандово, Виница, Берово, Битола, Гостивар, Куманово и скопскиот тим Карпош, а предложено да се вклучат и доброволните противпожарни друштва. нд/ац