• петок, 05 декември 2025

Еквадорскиот парламент усвои реформи за борба против вооружените банди

Еквадорскиот парламент усвои реформи за борба против вооружените банди

Кито, 8 јуни 2025 (МИА) – Парламентот на Еквадор усвои реформи поддржани од претседателот Даниел Нобоа, кои ќе ѝ дадат на владата нови овластувања за борба против вооружените банди и мрежите за трговија со дрога.

Законот беше поддржан од 84 пратеници, додека 46 гласаа против.

Минатата година Нобоа прогласи „внатрешен вооружен конфликт“ со криминалните банди, издавајќи вонредни укази за мобилизација на војската во поддршка на полицијата.

Реформите предвидуваат построги казни за престапи поврзани со дрога, поголема соработка со САД и други земји во размената на разузнавачки информации, како и можност за помилување на полицајци и војници за нивните постапки за време на операции. Осомничените службеници ќе избегнуваат притвор, но ќе бидат подложени на оценки на секои шест месеци.

Законот воведува казни до 30 години затвор за кражба на гориво, што ја чини нафтената индустрија стотици милиони долари, како и за лица поврзани со криминални банди. Имотот на овие групи ќе може директно да се конфискува, заобиколувајќи ги долгите судски процеси. Реформите вклучуваат и економски стимулации за секторите погодени од насилството. ссм/

фото: архива

Остани поврзан