• петок, 26 јули 2024

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Охрид, 8 јули 2024 (МИА) – Две малолетни лица се спасени од водите на Охридското Езеро со интервенција на службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“.

Интервенцијата на полицијата следувала утрово, откако претходно во 9:30 часот било пријавено дека во водите на езерото кај плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на Кајак-клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.

По добиената пријава, полициските службеници од Езерската полиција со чамец се упатиле кон посоченото место и во водите на езерото, на околу 100 метри од брегот, биле забележани двете малолетни лица кои на себе имале појаси за спасување.

Тие со полициски чамец биле префрлени во полициската станица, каде им е укажана прва помош. аб/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан