• вторник, 17 декември 2024

Едукативно предавање на тема „Физичка активност и дијабетес“ во Делчево

Едукативно предавање на тема „Физичка активност и дијабетес“ во Делчево

Делчево, 7 јуни 2023 (МИА) - Во организација на здружението на дијабетичари од Делчево и Македонска Каменица
вечерва во Делчево се одржа едукативно предавање на тема „Физичка активност и дијабетес“. Едукативното предавање го водеше Татјана Ѓорѓовски од Клиниката за ендокринологија дијабетес и метаболички нарушувања, која како едукатористакна дека особено е важна едукацијата на лицата со дијабетес, особено за децата, а целта е присутните на работилницата да научат како да се справат со дијабетесот преку физичка активност и колку таа е важна за одржување на нормално ниво на шеќерот во крвта.


-Едукацијата на децата е врв во она што треба да се земе како третман за дијабетес, затоа што уште 1888 година Џослин сфатил дека сите деца треба да се едуцираат, особено за исхрана. Тоа е онаа прва основна едукација, потоа е физичката активност и на трето место се оралните антиливетици и инсулините. Затоа треба да знаат како да се хранат како да практицираат физичка активност и потоа терапијата што им ја дава докторот да си ја применат во домашни услови. Секако со едукацијата ќе знаат да си ги детектираат своите проблеми  да можат да третираат некаков нов проблем да го кажат на докторот, за да може тој да интервенира во право време, на прав начин, итн..., рече Ѓорѓовски.


Тиме Велев, претседател на Сојузот на дијабетичари на Македонија додаде дека од особено значење е преку вакви едукативни работилници да се потенцира потребата од физичка активност на лицата со дијабетес, затоа што според него таа е една од најзначајните за квалитетно менаџирање со дијабетесот, особено кај лицата со тип 1, но и за сите други лица кои можат да превенираат дијабетес. 


Дел од едукативното предавање беше и претседателот на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс МК“, Наташа Деспотовска Димитриевска која рече дека веќе неколку години наназад оваа асоцијација има пракса да организира вакви едукативни каравани.


-Овој караван се однесува на физичка активност и дијабетес, конкретно како лицата со дијабетес без разлика дали имаат тип 1 или тип 2 да го контролираат својот шеќер додека имаат физичка активност. Покрај едукативниот дел се обидуваме да ги форсираме нормално лицата со дијабетес и сите останати да практикуваат физичка активност почесто затоа што знаеме дека таа влијае многу позитивно на здравјето на луѓето, нагласи Деспотовска-Димитриевска.


За претседателката на здружението на дијабетичари од Делчево и М.Каменица, Лидија Дамјанова добро е што на работилницата можат да се едуцираат и заинтересирани и од поширокиот регион, бидејки по пандмијата бројот на лица со дијабет е во пораст, искрено изразувајки надеж дека едукацијата ќе им биде од огромна полза.

 

Организаторите најавија дека вакви работилници на тема „Физичка активност и дијабет“ ќе се одржа и во 10 градови низ државата. вс/


Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан