Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта
- Во Собранието денеска ќе се одржи Едукативната активност „ИМАМ СТАВ“ наменета за ученици од средните училишта.
Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи Едукативната активност „ИМАМ СТАВ“ наменета за ученици од средните училишта.
Како што информираат од собраниската прес-служба, учесници на едукативната активност ќе бидат учениците од СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола.
Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието.
Целта на едукативната активност е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. фф/нд/
Фото: МИА Архива