• петок, 17 јануари 2025

Едукативен еко-час на Пелистер за Пелистер

Едукативен еко-час на Пелистер за Пелистер

Битола, 17 јануари 2025 (МИА) - Јавната установа Национален парк „Пелистер“ во Инфо центарот на установата, приреди едукативен час за значењето и вредноста на Националниот парк Пелистер посветен на најмладите генерации.

Еколошката едукација ја промовира директорот на установата Иванчо Тошевски, кој за МИА истакна дека екологијата и свеста за животната средина почнуваат од младите генерации.

-Денеска одржавме состанок на кој присуствуваа директорите на основните и средните училишта од Битола и договоривме активности за 2025 година. Националниот парк Пелистер продолжува со еколошка едукација и подигање на јавната свест кај учениците за заштита на природата, развивање на позитивни еколошки практики и однесување во природа и тоа е наш приоритет, посочи Тошевски.

Соработката меѓу ЈП Национален парк „Пелистер“ и училиштата во Битола се одвива согласно програмата за еколошка едукација и јакнење на свеста кај најмладите категории на граѓани, потврдија од националната установа. мт/дма/

Фото: ЈПНП „Пелистер“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан