Едно лице повредено од огнено оружје на влез во село Моране
- Едно лице повредено од огнено оружје попладнево е донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Информацијата ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи од каде за МИА потврдија дека инцидентот се случил на влез во селото Моране.

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Едно лице повредено од огнено оружје попладнево е донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Информацијата ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи од каде за МИА информираа дека инцидентот се случил на влез во селото Моране.
- Денеска во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во селото Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, велат од МВР. бак/лв/
Фото: МИА архива