Едно лице загина, осуммина повредени во напад со украински дрон во рускиот град Таганрог, тројца повредени во нападот во Краснодар
- Во напад со украински дрон загина едно лице и предизвика пожар во јужниот руски град Таганрог, Ростовска област.
Москва, 30 март 2026 (МИА) - Во напад со украински дрон загина едно лице и предизвика пожар во јужниот руски град Таганрог, Ростовска област. Областа погодена од паѓање остатоци беше евакуирана поради нападот - изјави регионалниот гувернер Јуриј Сљусар.
Малку подоцна, градоначалничката на градот, Светлана Камбулова, изјави дека осум лица се повредени во нападот.
„Главната трагедија вечерва е смртта на цивил. Жалиме заедно со семејството на починатиот. Уште осум жители на градот побарале медицинска помош“, напиша Камбулова на „Телеграм“.
Според неа, станбени згради, социјални објекти и индустриски претпријатија биле оштетени во нападот во градот. Службите за итни случаи одговориле на 49 повици.
Таганрог е пристаништен град на североисточниот крај на Азовското Море.
Три лица, меѓу кои и две деца, се повредени кога дрон се урна во станбена зграда во градот Краснодар, соопштија властите. Неколку станови во зградата се оштетени. мс/јт/
фото: Архива