Едно лице загина во сообраќајка на патот Струмица - Валандово
- Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14:30 часот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, откако камион со струмички регистарски ознаки излетал од патот и се превртел.

Струмица, 2 април 2024 (МИА) - Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14:30 часот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, откако камион со струмички регистарски ознаки излетал од патот и се превртел.
Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струница Александра Трајанова. Според неа, од првичните информации од увидот кој се уште трае, едно лице загинало, а причините за несреќата дополнително ќе се истражуваат.
Заради несреќата сообраќајот се одвиваше отежнато во двата правца. рт/дма/
Фото: МИА архива