Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
- Едно дете загина утрово во напад извршен најверојатно од 15 - годишник во училиште во Загреб.
Загреб, 20 декември 2024 (МИА) - Едно дете загина утрово во напад извршен најверојатно од 15 - годишник во училиште во Загреб.
Засега нема потврда од полицијата за таа информација. Медиумот се повикува од свои извори во загребска болница.
Според ХРТ, напаѓачот влегот во училиштето со нож и почнал да напаѓа деца од прво одделение. Засега не се знае дали жртвата и повредените се од тоа одделение или има и од други.
Премиерот Андреј Пленковиќ претпладнево изјави дека на местото на инцидентот има министри и изрази жалење до семејствата на повредените деца. паг/
Фото: Принтскрин