Едногодишен помен за упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј
- Со литургијата чиноначалствуваше новиот владика Дебарко-кичевски г-дин Георгиј, во молитвено присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополит Преспанско – пелагониски г. Петар и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Охрид, 22 ноември 2025 (МИА) – Во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“ на Плаошник вом Охрид денеска беше отслужена Света заупокоена литургија по повод едногодишнината од упокојувањето на Митрополитот Дебарско-кичевски, владиката г. Тимотеј.
Со литургијата чиноначалствуваше новиот владика Дебарко-кичевски г-дин Георгиј, во молитвено присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополит Преспанско – пелагониски г. Петар и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

По литургијата Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со Архиереите и свештенството отслужија и парастос на гробот на митрополитот Тимотеј.
Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25 ноември минатат година по кусо боледување, на 73 години. Беше погребан во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник на 28 ноември 2025 година. аб/нд/
фото/МПЦ