• сабота, 23 ноември 2024

Една третина од смртните случаи во Шпанија се жители на старечки домови

Една третина од смртните случаи во Шпанија се жители на старечки домови
Мадрид, 26 март 2020 (МИА) - Вкупно 1.307 жители на шпански старечки домови починале од коронавирусот, што е околу една третина од вкупниот број на смртни случаи во земјата, објавија денеска локалните медиуми. Само во мадридскиот регион се пријавени 855 смртни случаи. Шпанската Влада соопшти дека сè уште собира податоци од сите региони за смртност во старечките домови и не може да ги потврди или негира податоците на медиумите. Регионалната влада на Мадрид соопшти дека податоците не се официјални, додавајќи дека официјалниот извештај за смртност на старите лица ќе биде објавен кога ќе биде готов. јт/

Остани поврзан