• сабота, 23 ноември 2024

Една жртва и најмалку тројца повредени во руски напад во областа Херсон

Една жртва и најмалку тројца повредени во руски напад во областа Херсон

Киев, 5 јули 2023 (МИА) – Едно лице загина, а најмалку три се повредени по денешниот руски напад во областа Херсон, соопшти Регионалното обвинителство.

- Покрената е истрага за смртта и повредите предизвикани од непријателското гранатирање на населбата Билозерска во Херсонската област. Русија ја гаѓаше населбата околу 19 часот по локално време, соопшти обвинителството. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан