• сабота, 31 август 2024

Една жртва во сообраќајката кај Врбјани на патот Охрид - Кичево

Една жртва во сообраќајката кај Врбјани на патот Охрид - Кичево
Охрид, 25 јули 2021 (МИА) – Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево, во близина на село Врбјани. Според првичните информации потврдени од полицијата, незгодата се случила околу 18:20 часот, при директен судар на две патнички возила марка „Фолксваген голф“ и „Тојота“, при што смртно настрадал возачот на „голфот“. Сообраќајот на тој дел од магистралниот пат се одвива со пренасочување по делниците од автопатот во изградба. аб/мч/

Остани поврзан