Еднаков пристап за сите, психологијата не смее да биде елитна здравствена гранка
- Менталното здравје не е само индивидуална грижа, тоа е колективна одговорност која не засега сите нас. Преку признавање на неговата важност и подигање на свеста, можеме да создадеме свет кој има приоритет на менталната благосостојба. Мора да ја скршиме стигмата за менталното здравје, да поттикнеме отворени разговори и да обезбедиме поддршка на оние на кои им е потребна. Ова е пораката од Конференцијата за подигнување на свеста за менталното здравје во основните и средните училишта во организација на Либерален Институт Скопје.
Скопје, 13 октомври 2023
Менталното здравје не е само индивидуална грижа, тоа е колективна одговорност која не засега сите нас. Преку признавање на неговата важност и подигање на свеста, можеме да создадеме свет кој има приоритет на менталната благосостојба. Мора да ја скршиме стигмата за менталното здравје, да поттикнеме отворени разговори и да обезбедиме поддршка на оние на кои им е потребна. Ова е пораката од Конференцијата за подигнување на свеста за менталното здравје во основните и средните училишта во организација на Либерален Институт Скопје.
-Започнавме со креирање на Национална стратегија за ментално здравје која што ќе овозможи, ќе биде еден патоказ за тоа како рано да се детектира кога некој страда од анксиозност или депресија, на кој што му е потребна психолошка помош и советување. Таа стратегија треба да биде водич понатаму од кој што ќе произлезат и измени на законот, порача пратеничка и претседателка на ЛДП Моника Зајкова.
Таа додаде дека се повеќе познати личности и во светот и во Македонија ги споделуваат јавно своите проблеми со менталното здравје, но дека табуата постојат, особено во руралните средини. Зајкова ја потенцираше и потребата од повеќе конференции на овие теми, повеќе кампањи, затоа што законот е едно, меѓутоа треба да се имплементира и менува свесноста кај луѓето за тема ментално здравје.
- Менталното здравје не го опфаќа само врсничкото насилство, истото влијае и врз пост-породилниот период кај жените. Исто така влијае во секојдневните односи, најчесто младите се жалат дека неприфаќањето на нивните врски од страна на родителите, секојдневниот булинг што го имаме во училиштата и коишто го гледаме на социјалните мрежи сето тоа се рефлектира на тоа да имаме нарушено ментално здравје кај помладите и тие да почнуваат да размислуваат во негативен контекст ,односно да имаме вакви бројки и проценти кои покажуваат дека одреден број на луѓе размислуваат дури на самоубиство, што навистина е загрижувачко, вели др. Андромахи Наумовска, специјалист по медицинска психологија.
Таа додава дека има психолози во училиштата, и во средните и во основните училишта, кои што може да ги искористиме за советување и може треба веќе оваа тема меѓу учениците да не биде табу тема, напротив, малку почесто да ги користиме педагозите и психолозите во образовните институции, односно, тие да не бидат папиролози и административни работници.
-Изненадувачки е тоа што децата можеби и адолесцентите не се појавуваат на психолог, но мислам дека студентите се позачестени како таргет група. Имаше едно сведоштво на една девојка која што излезе и рече дека цел живот како дете патела, но конечно кога почнала да студира и имала стипендија со која што можела да си дозволи психолог и мислам дека тоа е многу поразително за мене, заради тоа што, за жал, психологијата е се уште една елитна здравствена гранка да ја наречеме и за мене ќе постигнеме успех кога како во Англија. Иако сакаме да мислиме дека сме многу далеку од неа, не сме, имаме права што можеме да ги гарантираме, секоја јавна здравствена установа има итна ординација за ментално здравје кај младите и секој еден млад човек без упат, без посебна причина, може да влезе во болницата, да отиде во таа ординација и да ја добие поддршката што им е потребна. И за мене тоа е една комплетна мерка кон која што можеме да се стремиме и да ја исполниме, мислам дека ќе победиме и ќе ја помрднеме стигмата многу, рече активистката Андреа Угриноска.
Според специјалниот едукатор и рехабилитатор, Горан Петрушев е многу важно да се обрне внимание и на менталното здравје кај децата со попречености. Односно сите заедно треба да креираат иклузивна клима, пред се во училиштата, стручните лица да си ја вршат својата работа, да бидат повеќе со децата, помалку со евиденција и регистрација и секако да се вклучат родителите бидејќи само заеднички во училиштата, родителите и здравствените установи можеме да превенираме и да направиме една благосостојба на учениците и да ги намалиме проблемите во менталното здравје.
Ние како педагози секојдневно работиме со ученици, одиме и на обуки и често не прашуваат „Што правите вие за вашето ментално здравје“. И ние се справуваме, на свој начин, понекогаш разговараме со психолог бидејќи за да им пружиме вистински совет на учениците, мора и ние самите да се грижиме за нашето ментално здравје, појаснува педагогот Маја Затуроска.
Либерално демократска партија
___________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.