• понеделник, 23 декември 2024

Единаесет лица повредени од силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ од Буенос Аирес за Франкфурт

Единаесет лица повредени од силни турбуленции на летот на „Луфтханза“ од Буенос Аирес за Франкфурт

Франкфурт, 12 ноември 2024 (МИА) - Единаесет лица се повредени кога авион на „Луфтханза“ на летот од Буенос Аирес за Франкфурт беше погоден од силни турбуленции над Атлантикот, соопшти денеска авиокомпанијата.

„Пет патници и шест членови на екипажот претрпеа главно полесни повреди“, изјави портпаролот на Луфтханза, потврдувајќи го извештајот на новинската агенција ДПА.

„Безбедноста на летот во ниту еден момент не беше загрозена“, додаде портпаролот.

Во авионот имало 329 патници и 19 членови на екипажот

Според авиокомпанијата, на повредените им била укажана помош откако авионот безбедно слетал на закажаната дестинација, денеска, во 10:53 часот.

Авионот „Боинг 747-8“ превезувал 329 патници и 19 членови на екипажот. Турбуленциите биле краткотрајни и се случиле во зоната на интертропска конвергенција, соопштија од авиокомпанијата.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан