• среда, 25 декември 2024

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти
Антананариво, 30 август 2022 (МИА) - Најмалку 11 лица го загубија животот на Мадагаскар кога полицијата отвори оган врз демонстранти, кои бараа од властите да им предадат четворица осомничени за киднапирање дете со албинизам и убиство на мајка. Околу 400 незадоволни граѓани се собраа пред полициската станица барајќи да се пуштат осомничените за да се пресметаат со нив. Полицијата одби и употреби солзавец за да ги растера насобраните лица. Но, кога толпата продолжи да напредува кон станицата, полицијата отвори оган. „Полицајата се обиде да се избегне конфликт или насилство“ и постави безбедносен периметар околу станицата, според соопштението на полицијата. „На насобраните граѓани им е кажано дека може да се разговара со цел да се спречи крвопролевање“, пишува во соопштението. Оттаму посочуваат и дека многумина со себе носеле големи мачети и друг вид оружје. Кога почнале да фрлаат камења кон полицијата, таа отворила оган. Пратеникот од областа Иконго и потпретседател на Националното собрание на Мадагаскар, Жан Брунел Разафинцијандраофа, изјави оти мисли дека демонстрантите не биле вооружени. бд/сд/

Остани поврзан