Еден од заразените во Премиер лигата сам си призна
- Како што е познато, Лигата објави само дека меѓу тестираните играчи и вработените во 19 од клубовите се добиени 6 позитивни резултати. Се покажа дека тие се наоѓаат во само три клуба - Ватфор

Ватфорд, 20 мај 2020 (МИА) - Играчот на Ватфорд, Адријан Маријапа призна дека е еден од играчите кој се тестирал позитивно за коронавирус минатиот викенд. 33-годишниот дефанзивец изјави дека нема симптоми. Тој додаде дека има уште двајца играчи со позитивни примероци. Ова значи дека другите тројца дијагностицирани не се фудбалери, туку вработени.
Како што е познато, Лигата објави само дека меѓу тестираните играчи и вработените во 19 од клубовите се добиени 6 позитивни резултати. Се покажа дека тие се наоѓаат во само три клуба - Ватфорд, Барнли и уште еден.
- Изненадување е затоа што навистина не излегов од дома. Малку е страшно како може да се чувствувате добро и да тренирате, а потоа да имате и позитивен тест. Навистина е прилично чудно, изјави Маријапа за „Телеграф“.