• петок, 05 декември 2025

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Еден загинат, 11 повредени во судар на воз и туристички автобус во Русија

Москва, 4 август 2025 (МИА) - Едно лице загина, а 11 се повредени денеска во судар на товарен воз и туристички автобус во регионот Ленинград, во близина на Санкт Петербург, во северозападна Русија, соопштија властите.

Несреќата се случила кратко по 5:00 часот наутро по централноевропско време, соопшти локалната филијала на Руските железници.

Автобусот излетал на шините директно пред возот што се приближувал со полна брзина помеѓу станиците Лодејное Поле и Олонец, се вели во соопштението.

Возачот се обидел да закочи, но автобусот бил премногу блиску и сударот не можел да се избегне, додаде истиот извор.

Според првичните информации, повредени се 12 патници во автобусот, од кои еден починал. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан