Еден загинат и четворица ранети во напад со нож на Сириец во град во јужна Австрија
- Дваесет и три годишен маж избодел попладнево петмина минувачи во Филах, град во јужна Австрија, соопшти полицијата. Во нападот загина 14-годишно момче, а четири лица се повредени.

Виена, 15 февруари 2025 (МИА) - Дваесет и три годишен маж избодел попладнево петмина минувачи во Филах, град во јужна Австрија, соопшти полицијата. Во нападот загина 14-годишно момче, а четири лица се повредени. Двајца од повредените се во исклучително тешка состојба.
Полицијата го привела осомничениот - сириски државјанин со легален престој во Австрија.
Маж кој возел возило за испорака на храна помогнал да се спречи дополнително ескалирање на ситуацијата, изјави портпаролот на полицијата Рајнер Дионисио за австрискиот јавен радиодифузер ОРФ.
Полицијата соопшти дека се уште не е јасно дали осомничениот делувал сам и дека продолжува со потрагата по можни дополнителни осомничени. зш/