Еден загинат во експлозија во полска фабрика за вооружување
- Едно лице загина во експлозија и пожар во фабрика за вооружување во Полска.

Варшава, 10 јуни 2024 (МИА) - Едно лице загина во експлозија и пожар во фабрика за вооружување во Полска.
-Лицето кое загина е 59-годишен вработен, изјави денеска портпаролот на полицијата.
Првичните наоди покажуваат дека пожарот избувнал во еден од магацините на вооружената компанија МЕСКО во Скаржиско-Камиена, околу 125 километри јужно од Варшава.
Противпожарната единица на фабриката успеала да го изгасне пламенот. Се истражуваат околностите на несреќата. мс/
фото: МИА архива