Еден војник е убиен во напад на воен конвој во предградието на Грозни
- Еден војник загина, а друг е ранет во напад на воен конвој во предградието на Грозни во Чеченија, соопшти вечерва руската гарда на Севернокавкаскиот округ.

Грозни, 24 октомври 2024 (МИА) – Еден војник загина, а друг е ранет во напад на воен конвој во предградието на Грозни во Чеченија, соопшти вечерва руската гарда на Севернокавкаскиот округ.
- Во предградието на Грозни непознати лица нападнаа воен конвој. Како резултат на гранатирањето, еден од војниците загинал, а друг е ранет. Тој е хоспитализиран и неговиот живот не е во опасност, соопшти руската гарда, пренесуваат руски агенции.
Потрагата по напаѓачите е во тек. јт/
Фото: МИА архива