• понеделник, 23 декември 2024

Египет: Израелската ескалација се заканува да го запали целиот регион

Египет: Израелската ескалација се заканува да го запали целиот регион

Каиро, 1 октомври 2024 (МИА) - Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати ја осуди, како што рече, „сериозната ескалација“ во јужен Либан, откако израелската војска соопшти дека извршила „ограничен“ копнен упад.

Абделати предупреди дека израелската ескалација се заканува да го запали целиот регион „на начин што ќе доведе до страшни безбедносни и хуманитарни последици“, се вели во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи.

Тој, исто така, најави дека Египет ќе ги отфрли сите обиди за воспоставување ново статус кво што го нарушува суверенитетот на Либан. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан