• петок, 27 декември 2024

Египетски суд ги потврди смртни казни на 12 членови на Муслиманско братсво

Египетски суд ги потврди смртни казни на 12 членови на Муслиманско братсво
Каиро, 14 јуни 2021 (МИА) - Египетски суд денеска ги потврди смртните казни на 12 членови на Муслиманско братство, вклучувајќи и двајца високи лидери на забранетото исламистичко движење, изјави судски претставник. Во исто време Касацискиот суд ги намали казните на 31 член на Муслиманско братство, кои беа осудени на доживотен затвор. Според неименуван судски извор одлуките се конечни и не можат да се обжалат. Египетските власти го забранија Муслиманско братство во 2013 година, при што беа затворени илјадници приврзаници на движењето. По смената на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој беше лидер на политичкото крило на Муслиманското братство, неговите приврзаници го запоседнаа плоштадот Раба ал Адавија барајќи негово враќање на власт. Во август 2013 година египетските безбедносни сили го растурија протестот и убија стотици луѓе. Во 2018 година египетскиот суд осуди 75 лица на смрт, а другите се осудени на затвор, помеѓу кои и синот на Морси, кој е осуден на 10 години затвор. Според групите за човекови права тоа е најсмртоносен инцидент во модерната историја на Египет. Тогашните власти соопштија дека припадниците на Муслиманското братство биле вооружени и пружале отпор. ми/  

Остани поврзан