Египетскиот фудбалски сојуз жртвуваше крава за да и донесе среќа на репрезентацијата, месото поделено на загрозените во Каиро
- Во Египет извршија ритуал на жртвување за успех на репрезентацијата.

Каиро, 27 јануари 2024 (МИА) - Во Египет извршија ритуал на жртвување за успех на репрезентацијата.
Египетскиот фудбалски сојуз жртвуваше крава за да и донесе среќа на репрезентацијата. Месото беше поделено на сиромашните жители на Каиро, изјави портпаролот на репрезентацијата Мохамед Морад.
Египет учествува на Африканскиот куп. Во 1/8 финалето ќе се сретне со тимот на репрезентацијата на ДР Конго. Натпреварот ќе се одигра утре, 28 јануари, во 21 часот.
Денес на Африканскиот куп на нации играат:
Ангола – Намибија (18 часот)
Нигерија – Камерун (21 часот). зс/
Фото: ЕПА