• понеделник, 23 декември 2024

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Манама, 16 мај 2024 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси денеска изјави дека Израел продолжува да ги избегнува напорите за постигнување прекин на огнот во војната со милитантната група Хамас во Газа.

„Ние веруваме дека Израел продолжува да ги избегнува своите обврски и ги избегнува напорите направени за постигнување прекин на огнот“, рече Сиси, говорејќи на Самитот на арапските лидери во главниот град на Бахреин, Манама.

Неговата земја беше посредник во преговорите меѓу Израел и Хамас, а тој предупреди дека Израел ја затвора границата кај Рафа со Египет „за да ја заостри опсадата“ на Газа.

Откако израелската војска го зазеде преминот Рафа минатата недела, протокот на помош, медицински материјали и гориво е запрен, што ги влоши тешките хуманитарни услови низ окупираната палестинска енклава. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан