• недела, 06 октомври 2024

ЕВРО 2020: Чешка ја елиминира Холандија и закажа четвртфинале со Данска

ЕВРО 2020: Чешка ја елиминира Холандија и закажа четвртфинале со Данска
Будимпешта, 27 јуни 2021 (МИА) – Репрезентацијата на Чешка е третиот четвртфиналист на Европското фудбалско првенство, откако попладнево во Будимпешта ја победи Холандија со 2:0. Головите беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Томас Холес им донесе водство на Чесите во 68. минута, а конечниот резултат го постави Патрик Шик во 80. минута. Холандија од 55. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Матијас Де Лихт во 55. Минута поради намерно играње со рака пред својот шеснаесетник. Противник на Чешка во четвртфиналето ќе биде Данска. Овој меч ќе се игра на 3 јули во Баку. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан