ЕВРО 2020: Стерлинг и донесе три бода на Англија од мечот со Хрватска
- Во дербито на третиот ден од Европското фудбалско првенство, Англија во Лондон ја победи Хрватска со 1:0.

Лондон, 13 јуни 2020 (МИА) – Во дербито на третиот ден од Европското фудбалско првенство, Англија во Лондон ја победи Хрватска со 1:0.
Денешниот меч од првото коло од групната фаза одигран на „Вембли“ го одлучи Рахим Стерлинг со голот постигнат во 57. минута.
Во оваа група се и Чешка и Шкотска. Нивниот натпревар ќе се одржи на утре (14 јуни во 15 часот).
Во следното коло, на 18 јуни Англија игра против Шкотска, а Хрватска против Чешка. зс/