• недела, 06 октомври 2024

ЕВРО 2020: Први бодови за Германија, прв пораз за Португалија

ЕВРО 2020: Први бодови за Германија, прв пораз за Португалија
Минхен, 19 јуни 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Германија ја совлада селекцијата на Португалија со 4:2 во дербито на од второто коло од Ф-групата на ЕВРО 2020. Натпреварот се одигра во Минхен, а Португалците си постигнаа два автогола. За Германија ова се првите три бода на 16. Европско првенство, додека Португалија го забележа првиот пораз. По две кола, Франција води со четири бода, Германија и Португалија имаат по три, Унгарија е последна со еден бод. Во третото коло на 23 јуни, Португалија ќе игра со Франција, а Германија со Унгарија. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан