• среда, 25 декември 2024

ЕВРО 2020: Бускетс доби негативен тест на коронавирус и ќе се приклучи на шпанската репрезентација

ЕВРО 2020: Бускетс доби негативен тест на коронавирус и ќе се приклучи на шпанската репрезентација
Мадрид, 18 јуни 2021 (МИА) - Играчот за врска на Шпанија, Серхио Бускетс се излечи од коронавирусот. Тој на 6 јуни доби позитивен тест. Фудбалерот наскоро ќе се приклучи на националниот тим, објавено е на официјалната веб-страница на Шпанската фудбалска федерација. Капитенот на „црвената фурија“ го пропушти натпреварот од првото коло на Европското првенство 2020 со Шведска (0:0), но се очекува тој да биде во составот за дуелот со Полска. Натпреварот Полска - Шпанија се игра утревечер во 21 часот во Севилја. зс/

Остани поврзан