• среда, 25 декември 2024

Евростат: Ирците практикуваат да јадат во ресторани, а Романците дома

Евростат: Ирците практикуваат да јадат во ресторани, а Романците дома
Брисел, 8 јануари 2020 (МИА) – Домаќинствата во Европска Унија трошат повеќе од 600 милијарди евра на угостителските услуги во рестораните, кафулињата, кантините што е околу 3,8 отсто од бруто домашниот производ на ЕУ. - Трошоците за угостителските услуги претставуваат седум отсто од расходите на домаќинствата во 2018 година, објави Евростат. Најголем удел во расходот за угостителските услуги забележен е во Ирска (14,4 отсто), а потоа следат Шпанија, Малта и Грција, исто така со двоцифрен удел. Од друга страна, издвојувањата за угостителски услуги биле најниски во Романија со 1,9 отсто од вкупна потрошувачка во домаќинството, Полска со три отсто и Литванија 3,4 отсто. Помеѓу 2008 и 2018 година уделот за трошење на услугите во вкупната потрошувачка на домаќинствата се зголемил во повеќе земји членки, а најмногу во Малта од 4,4 проценти, на 12,6 отсто. Потоа следи Ирска со раст од 2,9 процентни поени и Унгарија со 2,5 отсто. Истовремено уделот за трошоци за угостителски услуги во вкупната потрошувачка во домаќинствата во истиот период падна во четири земји членки, во Романија за еден процентен поен, а во Шпанија, Словачка и Британија за нешто помалку од тоа. Податоците на Евростат покажуваат дека во Луксембург потрошувачката стагнира. ки/ми/

Остани поврзан