• среда, 10 јули 2024

Евростат: Стапката на вработеност во ЕУ е 75,7 отсто во првиот квартал со незначителен пораст

Евростат: Стапката на вработеност во ЕУ е 75,7 отсто во првиот квартал со незначителен пораст

Брисел, 14 јуни 2024 (МИА) - Стапката на вработеност на жителите на Европската унија на возраст од 20 до 64 години изнесува 75,7 отсто во првиот квартал од оваа година, објави денеска Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека ова претставува благ пораст од 0,2 процентни поени споредено со четвртиот квартал од 2023 година.

Стапката на вработеност варира во 15-те земји на Европската унија, а најголем скок во набљудуваниот период е забележан во Хрватска и изнесува 1,8 отсто. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан