• сабота, 23 ноември 2024

Европски сојуз за промени: Црната листа се шири со корумпираните политичари на власта

Европски сојуз за промени: Црната листа се шири со корумпираните политичари на власта

Скопје, 5 декември 2023

Најголемиот сојузник и пријател на Албанците, Соединетите Американски Држави, секојдневно го разобличува криминалното лице на актуелната власт на чело со ДУИ, СДСМ и сателитот АА.

Со ставање на црна листа на поранешниот вицепремиер и бизнисмен најблизок до власта, Кочо Анѓушев, се докажа дека повеќето функционери и поранешни функционери на оваа власт или директно се дават во корупција, или индиректно го поддржуваат криминалот.

Затоа, од срце му благодариме на нашиот стратешки сојузник, САД, што ги разоткрива корумпираните политичари. Во оваа прилика ги повикуваме институциите на нашата држава да не спијат, туку да ги истражуваат овие случаи, да ги судат според нивната заслуга и да ги заштитат граѓаните.

Таканаречениот Европски фронт нема храброст да се огради од Рамиз Мерко, а продолжува да му дава простор и на Кочо Анѓушев да добива тендери од државата, а во јавноста да го прикажува како човек со големо срце, кој заедно со неговите фирми им дава донации на државни институции. Иако знаеме дека неговите бизниси заработиле милиони евра од парите на граѓаните.

Власта мора точно да одговори, кој ќе одговара за Модуларната болница, за оние што живи изгореа и за нереагирањето на институциите  за сите криминали што се направени?

Каде се Ислам Абази како шеф на Обвинителството за организиран криминал и Валдет Џафери, директор на бирото за судски вештачења?

Колку животи мора да се изгубат, колку граѓани треба да се осиромашат, колку млади треба да бегаат, за власта да се ослободи од криминалот и да донесе правда?

Европски сојуз за промени

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан