• среда, 25 декември 2024

Европски Сојуз за Промена: Итна оставка на Бојан Маричиќ и Бујар Османи

Европски Сојуз за Промена: Итна оставка на Бојан Маричиќ и Бујар Османи

Скопје, 20 декември 2023 

Чекавме неколкy дена шокираните од резултатите на Брисел да се вразумат и да станат свесни за кочењето на интеграцискиот процес на земјата, но гледаме дека ова време не им послужи на нив за да се освестат и да рефлектираат за (не)резултатите. Ова ни дава да разбереме дека нивното разочарување е толку лажна како што е и нивната цел за интеграција, инаку пред граѓаните на оваа земја ќе излегоа со отчетност и одговорност, а не со поплаки.

Бидејќи сме свесни дека ниту се случило, а ниту ќе се случи некој да понесе одговорност за овој неуспех на Владата, тука сме уште еднаш да го истакнеме нашето незадоволство и да побараме итна оставка на Заменик Претседателот на Владата за Европски прашања – Бојан Маричиќ и Министерот за надворешни работи – Бујар Османи.

Во реалност, сите министри на оваа Влада имаат значителна улога во овој неуспех, но овие две личности се оние кои го носат знамето на неуспехот и не заслужуваат да останат ниту еден ден во оваа Влада, а останиот состав на Владата ги бројат деновите.

Минимумот што го очекуваме од Техничката Влада е промена на овие двајца импотентни министри, кои резултираа со уназадување, додека граѓаните да имаат трпение до 8 мај за да се спасат од ПСЕУДО Европскиот фронт.

Во меѓувреме, Европскиот сојуз за промена останува вистинската адреса за постигнување на оваа цел и ќе остане единствен фактор што ќе обезбеди европски реформи и ќе се бори против корупцијата по секоја цена, носејќи ја долгоочекуваната европската промена кај граѓаните.

 

 Фари Хисени од Европски сојуз за промена

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан