• понеделник, 23 декември 2024

Европскиот пат на Србија централна тема на белгиската агенда за време на претседавањето со Советот на ЕУ

Европскиот пат на Србија централна тема на белгиската агенда за време на претседавањето со Советот на ЕУ

Белград, 23 ноември 2023 (МИА) -  Министерката за надворешни работи на Белгија, Аѓа Лабиб, денеска во Белград изјави дека европскиот пат на Србија ќе биде централна тема на белгиската агенда за време на претседавањето со Советот на Европската унија.

Лабиб на заедничката прес-конференција по разговорот со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека е клучно усогласувањето на Србија со надворешната политика на Европската унија.

„Ве охрабрувам да посветите поголемо внимание на усогласувањето, особено кога станува збор за санкциите против Русија. Тоа би било сведоштво за вашата солидарност со ЕУ, што се очекува од земјите кандидати“, изјави таа.

Министерката за надворешни работи на Белгија, која допатува во Белград по официјалната посета на Подгорица, рече дека утре ќе отпатува во Приштина со истите пораки за дијалогот со Србија, дека деескалација на тензиите и враќање на страните во дијалогот се неопходни, јави Бета. зш/

Остани поврзан