• понеделник, 23 декември 2024

Европскиот парламент ќе побара брз прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната

Европскиот парламент ќе побара брз прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната

Софија, 21 ноември 2024 (МИА) - Европскиот парламент (ЕП) ќе го повика Советот на ЕУ да ги финализира постапките за целосно приклучување на Бугарија и Романија во Шенген зоната, објавено е во агендата за претстојната сесија во Стразбур, што ќе се одржи следната седмица.

На 26 ноември ќе се одржи дискусија со Европската комисија за ова прашање. Иако двете земји беа примени во Шенген во декември минатата година, останува да се укинат граничните контроли на копнените граници, јавува БТА.

Очекувањата се дека министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе го донесат решението на 12 декември. Претходно е закажан состанок во Будимпешта помеѓу претставници на Бугарија, Романија и Австрија – единствената земја што го блокира процесот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан