• понеделник, 23 декември 2024

Европскиот парламент ќе одржи вонредна седница за 1000 дена од почетокот на војната во Украина

Европскиот парламент ќе одржи вонредна седница за 1000 дена од почетокот на војната во Украина

Стразбур, 12 ноември 2024 (МИА) - Европскиот парламент ќе одржи вонредна седница на 19 ноември во Брисел, за да одбележи 1000 дена од почетокот на руската воена агресија против Украина, соопшти претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

По тој повод, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати на европратениците, иако нема да присуствува лично на седницата.

„Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку колку што е потребно“, напиша Мецола на социјалната мрежа „Икс“. Таа додаде дека оваа седница е посветена на храброста и хероизмот на Украинците.

Минатата година, Зеленски се обрати на европратениците од говорницата во пленарната сала во Брисел, а годинава повторно го посети ЕП за средби со раководството на институцијата.

Мецола беше првиот претставник на институција на ЕУ која го посети Киев по почетокот на руската инвазија во 2022 година. ссм/

 

Остани поврзан