• четврток, 26 декември 2024

Европскиот инвестициски фонд обезбеди 4,65 милиони евра за претприемачите кои работат во ромските заедници

Европскиот инвестициски фонд обезбеди 4,65 милиони евра за претприемачите кои работат во ромските заедници
Скопје, 12 април 2022 (МИА) - Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) потпиша гарантен договор со „Redi Economic Development S.A.“ (REDI) со кој ќе се стават на располагање 4,65 милиони евра со цел да се подобри пристапот до финансии за претприемачите кои работат во ромските заедници во Северна Македонија, Србија, Романија и Бугарија. Иницијативата, поддржана од Европската Унија и обезбедена во рамки на Програмата на ЕУ за вработување и социјални иновации (EaSI), ќе обезбеди финансирање на повеќе од 300 мали бизниси и отворање на најмалку 1.000 работни места. Средствата ќе бидат достапни за микропретпријатија кои се активни во маргинализираните ромски заедници и кои ќе можат да преземаат заеми до 25.000 евра. - Покрај финансиската поддршка, REDI ќе обезбеди и техничка помош за претприемачите со цел да го поддржи пристапот до овие ромски заедници и да ги разбере нивните специфични потреби за развој на бизнисот. Ова е првиот наменски финансиски инструмент на ЕУ насочен кон ромските заедници, кој обезбедува можности за инклузивно вработување и развој на специфични финансиски производи и услуги за оваа група, наведуваат од Европската инвестициска банка. бак/sa/  

Остани поврзан