• понеделник, 23 декември 2024

Европска вечер во рамките на фестивалот „Охридско лето“

Европска вечер во рамките на фестивалот „Охридско лето“
Охрид, 26 јули 2022 (МИА) - Евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорот на Чешка во земјава Јарлослав Лудва вечерва се домаќини на Европската вечер во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Пред настапот на реномираните чешки музичари, виолончелистот Иван Вокач и виолинистот Леос Чепицки во црквата Света Софија, евроамбасадорот Гир истакна дека овој настан е доказ за тоа што може да се донесе и од ЕУ и од Северна Македонија преку нашето заедништво во членството во ЕУ. - Многу ми е драго што сум на настанот Европска вечер во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Ова е долга традиција што ги собира на едно место уметниците од цела ЕУ, заедно со македонската публика и македонските уметници и уметници од Западниот Балкан, истакна Гир. Евроамбасадорот додаде оти му е драго што заедно ќе славиме културата, особено во овој, како што рече, историски момент во врска со отпочнувањето на преговорите за членство на земјава во ЕУ. Делегацијата на ЕУ ја поддржува организацијата на Европската вечер на фестивалот „Охридско лето“, шеснаесетта година по ред. Таа дисега го спонзорираше учеството на бројни европски уметници на Фестивалот, поттикнувајќи ја на тој начин меѓукултурната соработка и размена. Европската вечер беше промовирана во 2007 година со извонредната изведба на барокниот оркестар на ЕУ. сс/мс/

Остани поврзан