Европол: Заканата од тероризам во Европа е зголемена по нападот на Хамас
- Ризикот од терористички напади во Европа е зголемен откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври, соопшти полицискиот орган Европол за ДПА.

Хаг, 8 декември 2023 (МИА) - Ризикот од терористички напади во Европа е зголемен откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври, соопшти полицискиот орган Европол за ДПА.
-Неодамнешните напади во Брисел и Париз беа мотивирани од тоа, изјави денеска во Хаг Катрин Де Боле, директорка на Европол.
Таа додаде дека терористичката закана се зголеми откако Хамас го нападна Израел и реакцијата на Израел на тоа во Појасот Газа.
Според неа, џихадистичките групи претставуваат најголема закана. мс/
фото: МИА архива